ВИДЕО: „Петарда“ на Сити, четири гола на Де Брујне против Вулверхемптон

Кевин Де Брујне („Манчестер сити“) доминираше против „волците“/Вулверхемптон, Британија/11 мај 2022/Фото: EPA-EFE/PAUL CURRIE

Фудбалерите на Манчестер сити на гости го совладаа Вулверхемптон во преостанатиот натпревар од 33 коло на Премиер лигата со 1:5.

Најзаслужен за убедливата победа на популарните „граѓани“ беше фантастичниот Белгиец Кевин Де Брујне со дури четири гола.

Белгиецот ја затресе мрежата на „волците“ во седмата минута, а откако Дендонкер израмни во 11. минута, со два гола во 16 и 24 минута, му донесе сигурна предност на својот тим.

Четвртиот гол на Де Брујне беше постигнат во 60 минута, а конечниот резултат го постигна Стерлинг во 85 минута.

На две кола пред крајот Манчестер сити има три бода повеќе од Ливерпул во генералниот пласман.

Во претпоследната лигашка рунда на 15 мај Сити му гостува на Вест Хем, а два дена подоцна составот на Јирген Клоп ќе игра кај Саутемптон.

ВИДЕО: Челси се приближи до ЛШ и го остави Лидс во зоната за испаѓање

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот