ВИДЕО: Челси се приближи до ЛШ и го остави Лидс во зоната за испаѓање

Челси доминираше на стадионот „Еланд роуд“/Лидс, Британија/11 мај 2022/Фото: EPA-EFE/ANDREW YATES

Фудбалерите на Челси го совладаа Лидс како гости со конечен резултат 0:3, во натпреварот од 33 коло во Премиер лигата.

Играчите на Томас Тухел стигнаа до 70 бодови и се најдоа чекор поблиску до обезбедување на место во Лигата на шампионите следната сезона.

Од Арсенал имаат четири, а од Тотенхем осум бодови повеќе, со еден натпревар повеќе од градските ривали.

Првиот гол на лондонските „сини“ го постигна Маунт во четвртата минута, а задачата на фаворитите стана уште полесна после црвениот картон на Џејмс кај домаќините.

Вториот погодок беше дело на Пулишиќ во 55, а конечниот епилог го постави Лукаку во 83 минута.

Што се однесува до Лидс, овој тим ја продолжува борбата за опстанок, се наоѓа на 18 место на табелата со 34 бодови, колку што има и Барнли, но составот на Мајк Џексон има меч помалку

Се одиграа уште два меча Лестер – Норич 3:0, Ватфорд – Евертон 0:0.

Табела, Премиер лига:

1. Манчестер сити 86 бодови
2. Ливерпул 86
3. Челси 70
4. Арсенал 66

16.Евертон 46
17.Барнли 34

18.Лидс 34
19.Ватфорд 23
20.Норич 21

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот