ВИДЕО | Пентагон се оградува: Им даваме разузнавачки информации на Украинците и на нив е да одлучат дали ќе го ликвидираат рускиот генерал или не

Пентагон / Фото: МИА

Министерството за одбрана на САД ги отфрли тврдењата дека давало разузнавачки информации за локациите на руските генерали во Украина со цел да украинците да ги ликвикдираат

Портпаролот на Пентагон Џон Кирби изјави дека САД ги снабдуваат украинските сили со воено разузнавање за да им помогнат да ја одбранат својата земја, но дека Украина „сама одлучува дали и кој рускиот генерал ќе биде цел или не“.

„Не даваме разузнавачки информации за локацијата на високите воени лидери на бојното поле, ниту учествуваме во одлуките за борбените цели на украинската армија“, рече Кирби.

„Украина ги комбинира информациите што ние и другите партнери ги даваме со разузнавачките податоци што ги собираат на бојното поле. Потоа тие сами донесуваат одлуки и преземаат свои акции“, додаде тој.

Претходно Советот за национална безбедност на Белата куќа го осуди како „неодговорен“ извештајот на Њујорк Тајмс дека САД и помогнале на Украина во убиството на 12 високи руски генерали.

„САД обезбедуваат разузнавачки информации на бојното поле за да им помогнат на Украинците да ја одбранат својата земја“, изјави портпаролката на НСЦ, Адријан Вотсон. „Не даваме разузнавачки информации со намера да убиеме руски генерали“, додаде таа.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот