ВИДЕО: Пеле го плени светот со својот спортски гениј, веруваше дека љубовта е лек за сите наши проблеми

фото: instagram.com/pele/

Во дресот на бразилската репрезентација постигна 77 гола, а за Сантош – за кој настапуваше од 1956 до 1974 година, 504 пати беше стрелец.

На само 17 години, Пеле ја освои првата од трите светски шампионски титули со Бразил. Освоени во 1958, 1962 и 1970 година.

Веста за неговата смрт беше потврдена и на официјалниот Инстаграм профил на Пеле.

– Инспирацијата и љубовта го одбележаа патот на кралот Пеле, кој денеска почина мирно. На своето патување, Едсон го плени светот со својот спортски гениј, ја прекина војната, спроведуваше социјална работа низ целиот свет и го ширеше она што најмногу веруваше дека е лек за сите наши проблеми: љубовта. Неговата порака денес станува наследство за идните генерации. Љубов, љубов и љубов, засекогаш – стои во објавата.

Пеле дефинитивно ќе остане како еден од најдобрите во фудбалот на сите времиња. Сите негови потези, гестови, голови, дриблинзи, мајсторски додавања со топката. Затоа е посебен, „кралот на фудбалот“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pelé (@pele)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот