ВИДЕО: Партизан поведе со 2:0 против Црвена звезда во финалната серија од АБА лигата

фото: Partizan Mozzart Bet/Emilija Jovanovic

Партизан славеше и во вториот натпревар од финалната серија во АБА лигата против Црвена звезда со 87:78. На тој начин „црно-белите“ се на чекор од освојување на титулата во регионалното кошаркарско натпреварување.

Најубедливата предност на Партизан во првите 10 минути беше по тројката на Пантер за 20:14. Но, завршницата од првата и почетокот на втората четвртина им припаднаа на „црвено-белите“, кои за првпат поведоа со тројката на Марковиќ во 13 минута – 28:27.

Во продолжение Партизан имаше предност, но таа никогаш не беше поголема од четири поени разлика. Тогаш Немања Недовиќ се „разбуди“ и повеќето од своите 15 поени ги постигна во првото полувреме во финишот на вториот период од мечот, а на паузата беше 44:44.

Следуваше серија на Партизан од 10:1 која ја направија Лесор и Нанели во 26 минута од натпреварот за најголема предност на Партизан од 59:51. Со тројката на ЛиДеј домашните стигнаа до девет поени предност (68:59), но Лазиќ возврати со иста мера во мирната трета четвртина, а „црно-белите“ влегоа во последната четвртина со „плус шест“ (68:62).

Тројката на Вилдоза на нешто помалку од четири минути до крајот ги донесе гостите на негатива од само четири поени (78:74), а клучен момент беше кошот на Нанели надвор од линијата од 6,75 метри за 82:74. После тоа немаше повеќе надеж за гостинските играчи и Партизан рутински ја одработи задачата.

Во победничките редови доминираа Нaнeли и Смаилагиќ со по 15 поени, следени од Лесор и Пантер кои имаа по 13, а ЛиДеј запиша 12. На спротивната страна најефикасен беше Недовиќ со 21 кош, потоа Добриќ имаше 11, а по девет Кампацо и Митровиќ. Третиот натпревар од оваа серија е закажан за в недела на 18 јуни од 20.30 часот во салата „Александар Николиќ“ кога домаќин ќе биде Црвена звезда.

РЕКОРД ВО АБА ЛИГАТА
На вториот натпревар од финалето во АБА лигата помеѓу Партизан и Црвена звезда беше запишана рекордна посетеност од 18,477 гледачи на трибините.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот