ВИДЕО: Партизан од „минус 24“ до триумф над Макаби Тел Авив

фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Кошаркарите на Партизан денеска го совладаа Макаби Тел Авив во Белград со резултат 88:79 во 21 коло од Евролигата.

Макаби пропушти убава шанса да дојде до триумф на ова гостувања, во текот на првото полувреме имаше огромна предност од „плус 24“ (39:15), а на паузата водеше со 52:36.

Ситуацијата целосно се промени во вториот дел. Иако во воведните две минути од третата четвртина се чинеше дека ништо драстично не е сменето и дека Макаби ќе го приведе рутински мечот до крај, „црно-белите“ возвратија, па дури и го свртеа резултатот во еден момент најмногу благодарение на Каболко кој доминираше на двете страни од теренот.

Во тие моменти на крајот од четвртината, Макаби сепак имаше натпреварувачки ритам, а Болдвин со звукот на сирената по 30 минути игра донесе израмнување (67:67).

Последната четвртина не започна најдобро за Партизан, бидејќи Џејмс Нанели рано направи втор неспортски фаул, но како што се испостави тоа не му пречеше на тимот на Жељко Обрадовиќ. Следуваа две поврзани тројки на Партизан, за водство од 75:69 на седум минути и 35 секунди до крајот.

Макаби имаше неколку можности да се врати, откако Партизан имаше пет загубени топки, а израелскиот тим промаши неколку отворени шутеви, па на крајот домаќините успеаја да ја задржат предноста и да забележат важна победа во битката за пласман во Топ 8.

Најефикасен во редовите на српската екипа беше Пи-Џеј Дожер со 23 поени, додека Џејмс Нанели запиша 20 поени и девет асистенции. Кај Израелците се истакна Вејд Болдвин со 19 поени, а Ромас Соркин имаше пет поени помалку. На табелата Партизан е деветтопласиран од 21 меч, додека Макаби на шестата позиција со 12 победи и девет порази.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот