ВИДЕО: Партизан блеска во кошаркарската Евролига, ја урна и Валенсија во Шпанија

фото: instagram.com/partizanbc

Денеска кошаркарите на белградски Партизан ја остварија и деветтата победа (петта во низа) во Евролигата, откако во 15 коло на гостински терен триумфираа над Валенсија со 72:67.

За српската екипа по 14 поени имаа Американците ЛиДеј и Нунали, а на спротивната страна за шпанскиот претставник истиот учинок го запиша и Ерменецот Џонс.

На табелата Партизан е на четвртото место (9-6), додека Валенсија е седмопласирана (8-7).

Во следното коло Партизан за два дена ќе гостува кај Реал Мадрид, додека истиот ден Валенсија ќе ја пречека екипата на Виртус Болоња.

Евролига, 15 коло

Вторник, резултати

Црвена звезда – Реал Мадрид 58:72
Алба Берлин – Барселона 74:70
Макаби Тел Авив – Басконија 89:81
Виртус Болоња – Олимпијакос 69:67
Валенсија – Партизан 67:72

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот