ВИДЕО | Оваа песна доби Греми за песна на годината, а зад неа се крие неверојатна приказна

„Just Like That“ на Бони Рajт изненади со победа за најдобра песна на годинешното издание на Греми наградите што се одржа во неделата во Лос Анџелес.
View this post on Instagram
Музичката икона Бони Рајт и самата беше видно шокирана кога ја доби престижната греми награда за песна на годината. Примајќи ја наградата од првата дама на Америка, Џил Бајден, пејачката оваа своја победа ја нарече „нереален момент“.
„Боже мој, колку сум изненадена. Не знам што би рекла, ова е едноставно нереален момент“, изјави 73-годишната Рајт.
View this post on Instagram
И навистина беше така, нејзината балада која зборува за трансплантација на срце, ги надмина мега-хитовите на Лизо „About Damn Time“, Хари Стајлс „As It Was“, Бијонсе „Break My Soul“ и на Тејлор Свифт „All Too Well (10 Minute Version)“.
Рајт примајќи ја наградата се заблагодари и на Академијата за честа што ѝ е доделена и за тоа што ја ценат уметноста на пишувањето песни.
„Just Like That“ е објавена април 2022 година. Се појави и на истоимениот албум кој се искачи на 44 место на листата на Билборд Топ 200. Песната ја напишала Бони, а како што вели, ја инспирирала приказната за жената која го дарувала срцето на својот покоен син на некое друго дете. Бони песната ја посветила на својот пријател и колега Џон Пријн, кој починал во 2020 година по борбата со коронавирусот.
„За оваа песна ме инспирираше неверојатната приказна за љубовта, милоста и великодушноста на некој кој донира органи од својата најмила личност, за да помогне на друга личност да преживее. Оваа приказна е толку едноставна и толку убава за овие времиња“, изјавила Бони Рajт и додала: „И луѓето реагираа на песната, делумно поради тоа што го сакам и сите го сакаме Џон, и тоа беше инспирација за музиката за оваа песна.“
Бијонсе ги маѓепса обожавателите: Полугола за омотот на нејзиниот нов албум
65. издание на наградите Греми: Хари Стајлс, Сем Смит и Бијонсе ја одбележаа вечерта
ФОТО | Најдобро и најлошо облечени на Греми: Бомбастично деколте и шлиц од кој боли глава