ВИДЕО | Османи на средба со Кулеба во Киев: Поддршка за интегративниот процес на Македонија и на Украина

Средба Османи - Кулеба во Киев/Фото: Слободен печат

НАТО и Европската унија беа главните теми за кои денеска во Киев разговараат македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи и украинскиот колега Дмитро Кулеба.

Министрите изразија взаемна поддршка не само за прекин на војната туку и за интегративниот пат на Македонија и на Украина.

Османи истакна дека ќе ја поддржи кандидатурата на Украина, а потоа и Кулеба изрази поддршка за интеграцијата на Македонија во ЕУ.

Кулеба му се заблагодари на министерот Османи за целата помош, се што побарале добиле од македонската страна и се работи за големо пријателство кое ќе продолжи и понатаму.

На прашањето дали се возможни директни преговори меѓу рускиот претседател Путин и украинскиот Зеленски за прекин на воените дејства во Украина, Кулеба рече:

-Веќе неколку пати се обиделе да стапат во контакт и да ја организираат оваа средба на највисоко ниво, но такви изгледи се уште нема. Нема ниту еден позитивен сигнал од руска страна за да заврши оваа војна, изјави Кулеба на прес конферецијата во Киев.

Состојбата во Украина станува се потензична, посебно во источниот дел на земјата, што е уште еден знак дека руската страна нема намера да седне на преговарачка маса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот