ВИДЕО | Огненовски дециден: Коалиција со СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не доаѓа во предвид

img alt
Јорго Огненовски / Фото: Утрински брифинг

На претстојните локални избори ние ќе настапиме во општините, каде ќе се водиме според квалитетот на луѓето. Ќе има јавен повик, секој чесен граѓанин да ни достави свое резиме и ние да го избереме најдобриот кандидат, изјави во Утрински брифинг Јорго Огненовски, претседател на политичката партија Демократи.

-Главната цел е да имаме озбилни кандидати, било тоа за градоначалници или листи. Разговараме со многу граѓани, но се уште немаме одлучено во кои општини ќе одиме. Не ни е целта само да настапиме, целта ни е да понудиме квалитет на овие избори, вели Огненовски.

Говорејќи за можните коалиции, Огненовски вели дека сега настапуваат со Работничката партија.

-Ние се бориме против големите политички партии, кои 30 години ја разнебитуваат и уништуваат Македонија. Мора да го избереме својот пат, коалиција не доаѓа предвид со нив. Подобро огнот да не изгори, отколку да дадеме легитимитет на политичките структури, злосторнички здруженија – СДС, ДПМНЕ, ДУИ и нивните сателити, додава Огненовски.

Интегралното интервју со првиот човек на Демократи погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот