ВИДЕО | Од работа нема срамота: Панчо од ДНК и Огнен Здравковски ја променија професијата

Бидејќи музичката индустрија е една од најпогодените во светот, па и кај нас, пејачите, музичарите и сите оние кои се директно или индиректно поврзани со оваа професија мора да се снаоѓаат за да можат да преживеат.

Па, така познатиот музичар Панчо од дуото ДНК и неговиот помлад колега Огнен Здравковски веќе си ја променија нивната примарна професија. 

Панчо и Огнен / Фото: Instagram

„Друштво, знаеме дека од работа нема срам па затоа сакав да споделам со вас, а воедно и заблагодарам на D’Kitchen и целиот нивен тим што ме вработи и даде можност да го “испечам” занаетот за пица мајстор и додека трае пандемијата да имам некакви приходи . Покрај највкусните гиро пити и пастрмајлии, за кратко време ќе го прошират нивното мени со пица за кои ме обучуваа последните 3 недели. За кратко ќе уживате во вкусовите, а јас со нетрпение чекам да се дружиме, само што овој пат јас ќе ги правам, а вие ќе ги јадете и уживате. Да не заборавам да го пофалам и Oгнен кои исто така одлично се снаоѓа во улогата на продавач.“, напиша Панчо на социјалните мрежи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот