ВИДЕО | Новата година ширум планетата: Кирибати, Москва, Сиднеј, Дубаи… само со огномети, во Вухан масовна прослава

Жителите на Кирибати, Самоа и Божиќниот Остров во Тихиот океан први влегоа во новата 2021 година. По нив почна прославата на Нов Зеланд, каде Окленд беше првиот голем град кој ја дочека Новата година.

Москва влезе во новата 2021 година со големи огномети на 11 локации, а главниот настан се одржа на мостот Бољшој Москворецки.

Поради пандемијата од коронавирус и мерките за вонредни ситуации во Москва, откажани се масовни прослави ширум градот, како и детски новогодишни претстави за празниците.

Во Дубаи традиционално со огномет на Бурџ Калифа е дочекана Новата 2021 година.

Јапонија, Јужна Кореја и уште пет азиски и пацифички земји исто така ја дочекаа Новата година во 16 часот по средноевропско време, а сето тоа е проследено со спектакуларен огномет.

Новата година пристигна и во Австралија и е прославена исто така со огномет.

Најголемиот и секако најубав беше оној во Сиднеј, но поради забраната за собирање, луѓето го проследија од своите домови.

Граѓаните на кинескиот град Вухан кој беше некогашниот епицентар на коронавирусот од каде тргна пандемијата која го преплави светот, вечерва во огромен број излегоа на улиците, за разлика од голем дел од граѓаните во земјите ширум светот кои најлудата ноќ ќе ја поминат затворени во своите домови.

И во Тајланд пристигна Новата година, пречекана традиционално со огромен огномет во Бангкок.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот