ВИДЕО: Никола Јокиќ е најдобриот српски кошаркар по бројот на поени во НБА лигата

фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Кошаркарите на Денвер во НБА лигата убедливо пред своите гледачи го совладаа тимот на Јута со резултат 142:121, а на теренот повторно блесна најдобриот српски кошаркар Никола Јокиќ.

Центарот на Нагетси постигна 26 поени и забележа осум асистенции и шест скока за 32 минути на теренот. На овој меч одлично шутираше од поле – 12/14, а неговите атрактивни асистенции ги внесоа во транс навивачите во славната „Бол Арена“.

Двоцифрен учинок на овој натпревари имаа четворица соиграчи на Јокиќ, а најефикасен беше Џамал ​​Мареј, кој мечот го заврши со 37 постигнати поени (6/9 за три).

Мајкл Портер Џуниор даде 19 поени, Кентавиус Колдвел Поуп и Кристијан Браун по 13, а Пејтон Вотсон 12. Во поразениот тим кај „џезерите“ се истакна Кејонте Џорџ со 31 постигнат поен, додека Џордан Кларксон постигна 22. Денвер моментално има скор 44-20 и е израмнет на второто место во Западната конференција. Оклахома моментално е прва со 44-19.

Воедно Јокиќ го престигна Пеѓа Стојаковиќ на вечната листа најдобри стрелци во НБА и така стана најдобриот српски кошаркар со најголем број на поени во најсилното кошаркарско натпреварување.

Недостасуваше новиот „трипл-дабл“, но со поентерскиот учинок успеа уште еднаш да ги помести границите и да го постави своето име на врвот на некоја листа. Јокиќ тоа го направи во конкуренција на НБА играчи кои се од Србија. Успеа да дојде до бројката од 13,668 поени и со тоа да го престигне Пеѓа Стојаковиќ, кој кариерата ја заврши со 13,647.

На третото место е Владе Дивац – 13,398 поени, Богдан Богдановиќ ја зазема четвртата позиција со 6,271, додека Владимир Радмановиќ е на петтото место со 5,879 поени во кариерата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот