ВИДЕО: Неверојатни сцени во Барселона, 30.000 Германци ја слават победата на Ајнтрахт

Навивачи на Ајнтрахт им дадоа голема поддршка на фудбалерите на „Камп Ноу“/ фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Фудбалерите на Ајнтрахт Франкфурт направија големо изненадување со елиминацијата на Барселона и тоа со победата на „Камп Ноу“ од 2:3.

Во победата не веруваа само фудбалерите на Ајнтрахт, туку и нивните верни навивачи кои за денешно време организираа неверојатно гостување.

Имено, во работен ден во Барселона допатуваа дури 30.000 навивачи на Ајнтрахт да им дадат поддршка на своите фудбалери и притоа направија невидена атмосфера во еден од најубавите европски градови, а потоа и на „Камп Ноу“.

Чави е шокиран од сцените на „Камп Ноу“: Како е можно да има 30.000 навивачи на Ајнтрахт

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот