ВИДЕО | Несреќа во синагога близу Ерусалим: Најмалку 60 верници се повредени, од кои десетина се во критична состојба

Фото: EPA-EFE/FILIP SINGER

Најмалку 60 верници се повредени, од кои неколку критично, кога вечерва во преполна синагога во еврејска населба на Западниот брег се срушил просторот за седење, соопшти израелската служба за итна помош „Маген Давид Адом“.

Инцидентот се случил во населбата Гиват Зев, северно од Ерусалим, јавува Ројтерс.

Портпаролот на службата за итна помош рекол дека околу 10 луѓе се здобиле со сериозни повреди.

Според портпаролот на полицијата, 650 верници во тоа време биле во синагогата, за почеток на еврејскиот празник Шавуот

На снимките од безбедносните камери на канал 12 се гледа како преполниот балкон се руши и како луѓето паѓаат едни врз други, наведува агенцијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот