ВИДЕО: Нејмар го надмина Пеле во „петардата“ на Бразил

фото: EPA-EFE/Sebastiao Moreira

Фудбалската репрезентација на Бразил ја совлада селекцијата на Боливија со 5:1 во првото коло од јужноамериканските квалификации за пласман на Светското првенство 2026.

Во триумфот на „кариоките“ блескаше Нејмар кој двапати се запиша во листата на стрелците, два погодоци имаше и Рафиња, а еден Родриго.

Воедно играчот на Ал Хилал Нејмар испиша историја стигнувајќи до бројката од 79 голови за националниот тим и надминувајќи на „вечната“ листа легендарниот Пеле, според статистиката на ФИФА.

Нејмар стигна до рекордот во 125 натпревари за репрезентацијата, а на Пеле му требаа 91 меч за да постигне 77 голови.

Се одигра уште еден меч во јужноамериканските квалификации, Уругвај на домашен терен со 3:1 триумфираше над Чиле. За Уругвајците два голови запиша де ла Круз, еден беше дело на Валверде, додека кај Чилеанците единствениот погодок го имаше Видал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот