ВИДЕО: Навивачите на Галата со огномети ги разбудија фудбалерите на Барса

Навивачите на Галата најавија „пекол“ за играчите на Барселона/Фото: EPA-EFE/YOAN VALAT

Денеска ќе се играат реванш осминафиналните натпревари во Лига Европа, од 18.45 часот Галатасарај е домаќин на Барселона, а во првите 90 минути на „Камп Ноу“ мрежите мируваа.

На стадионот во Истанбул се очекува огромна поддршка за Галата, Турците се свесни дека имаат убава шанса да го елиминираат каталонскиот гигант за пласман во четвртфиналето.

Фановите на турскиот клуб среде ноќе почнаа со работа, испукаа огномети пред хотелот во кој престојуваат играчите на Барса.

Видеото кружи на социјалните мрежи, навивачите на Галата се обидоа да ги деконцентрираат играчите на Барселона пред денешната средба.

Домаќинот е речиси комплетен, ветеранот Арда Туран, поранешниот играч од средниот ред на Барселона кој не е воодушевен во дресот на Каталонците, одамна нема мируваат. Во нападот домаќинот најголеми надежи ги полага во напаѓачот, Египќанецот Мустафа Мохамед. Серхи Роберто, Самуел Умтити, Ансу Фату, Алекс Балде и натаму не можат да играат за Барса, додека искусниот Бразилец Дани Алвеш не е ниту пријавен за Каталонците во Европа. Чави се радува на добрата форма на Усман Дембеле, Феран Торес и Пјер-Емерик Обамејанг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот