ВИДЕО: Наполи ремизираше со Унион Берлин, Елмас не доби минутажа

Момент од натпреварот Наполи - Унион Берлин/фото: EPA-EFE/FELICE DE MARTINO

Во четвртото коло од групната фаза во Лигата на шампионите денеска фудбалерите на Наполи и Унион Берлин ремизираа со резултат 1:1.

На стадионот во Неапол по првото полувреме водеа домаќините со голот на Политано во 39 минута по асистенцијата на Руи. На стартот од вториот дел Унион Берлин успеа да израмни благодарение на погодокот на Фофана, асистент беше Бекер.

Тренерот на „наполитанците“, Руди Гарсија не му даде минутажа на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас кој остана меѓу резервите. Во следното коло Наполи на 29 ноември ќе му гостува на Реал Мадрид, додека Унион Берлин ќе игра против Брага.

Реал Сосиедад е многу блиску до пласман во нокаут-фазата откако со 3:1 пред своите навивачи ја совлада Бенфика. Шпанците водеа уште од шестата минута со голот на Мерино, а во 11 минута позитивата ја зголеми Ојарзабал.

Во 15 минута Сосиедад постигна уште еден гол, но истиот беше поништен поради играње со рака на Мерино. Третиот погодок на Реал Сосиедад беше реализиран во 21 минута преку Беренечеа, а Мендез во 29 минута не реализираше пенал па остана 3:0.

Португалците на теренот во Сан Себастијан до крајот на средбата само го ублажија поразот во 49 минута кога стрелаше Рафа Силва.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот