ВИДЕО: На денешен ден во Скопје играа Реал Мадрид и Манчестер јунајтед во УЕФА Супер Купот

фото: ffm.mk

Пред точно шест години, на 8 август 2017 година Фудбалската федерација на Македонија и УЕФА го организираа УЕФА Супер Куп натпреварот меѓу великаните на светскиот фудбал, Реал Мадрид и Манчестер јунајтед.

Скопје беше домаќин на најголемиот натпревар во историјата на нашата држава. На Националната Арена „Тодор Проески“ играа бројни светски фудбалски ѕвезди од двата тима како Кристијано Роналдо, Пол Погба, Рафаел Варан, Лука Модриќ, Иско, Тони Крос, Герет Бејл, Серхио Рамос, Ромелу Лукаку, Немања Матиќ…

Навивачите од цела Европа уживаа во натпреварот на двата гиганти на светскиот фудбал, а на крајот Реал Мадрид победи со 2:1.

Во нашата престолнина официјални гости беа и легендарните Сер Алекс Фергусон, Сер Боби Чарлтон, Раул, Емилио Бутрагењо, Звонимир Бобан, Марко Ван Бастен, како и највисоките претставници на УЕФА и ФИФА предводени од претседателите Александар Чеферин и Џани Инфантино.

УЕФА со многу комплименти се заблагодари за прекрасната организација, нарекувајќи го настанот – Најдобар во историјата на Супер Куп натпреварувањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот