ВИДЕО: Мурињо доби црвен картон, Рома во 94 минута избегна пораз од Торино

Жозе Мурињо, тренерот на Рома, на натпреварот против Торино/фото: EPA-EFE/CLAUDIO PERI

Фудбалерите на Рома беа на прагот на неочекуван пораз од Торино во натпреварот од 15. коло на италијанската Серија А, но се спасија со гол во 94. минута.

Гостите поведоа во 55. минута со голот на Карол Линети. „Волчицата“ тешко доаѓаше до израмнување, а нејзиниот тренер Жозе Мурињо беше исклучен во 89 минута поради неспортско однесување.

Две минути подоцна Рома доби пенал, но поранешниот гостински играч Андреа Белоти не беше прецизен.

Но, српскиот интернационалец Немања Матиќ по две минути погоди за 1:1 и спаси бод за клубот од Рим.

Во останатите натпревари Монца ја победи Салернитана со 3:0, додека Специја како гостин ја победи Верона со 1:2.

ВИДЕО: Босанскиот „дијамант“ Џеко ја урна Аталанта за пресврт на Интер

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот