ВИДЕО | Мизо: Активно да се работи на економските реформи, во кадарот и стручната работна сила

Извозот расте, индустриското производство е паднато. Проблемите со пандемијата во нашата индустрија посебно компаниите кои произведуваат електроника во Европа започна во почетокот на јануари 2020, бидејќи целиот ланец на добавувачи во Кина целосно запре и ефектот почна да се чувстува од тогаш. Срединат ана март миантата година голем број на земјите целосно ги затворија своите економии и веќе тука имаше драстичен пад на нивото на производство, изјави во Утрински брифинг генералниот менаџер на „Костал“, Виктор Мизо.

„Заздравувањето постоше некаде во четвртиот квартал минатата година. Почна да се гледа нешто што се насетуваше, проблем со електронските комоненти. Зошто овие компонети се толку важни. Секое модерно возило има минимум 100 микропороцесори во возилото кои прават аналитички операции. Она што се случи средината на минатата година – производителите на возила видоа колку брзо таа индустрија падна и малтене целосно ги откажаа своите нарачки од производителите на микропроцесори, а истовремено, почнаа да доминираат, телевизорите, телефоните, видео игрите, лап -топ… Целиот уддел на оваа индустрија е поголем од автомобилската индустрија, но не само тоа, авто-индустријата има и многу мали маргини, што значи дека не е доволно профитабилно за тие произведувачи на чипови да продаваат на производителите на возила. Има еден момент каде што тие не може да ги испорачаат потребите за авто-индиустријата и ние се соочуваме со немање на компоненти. Компоненти нема или треба да користиме авионски летови за да ни ги добавуваат на неделно или десет дневно ниво и стигнавме до момент кога Пежо кажа во нивното возило, електронската шалт табла ќе биде заменета со аналогно покажување на брзината“, вели Мизо.

Целиот разговор погледнете го во видеото:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот