ВИДЕО: Митровски го запиша вториот гол во третиот настап за Вараждин сезонава во Хрватска

фото: facebook.com/nogometni.klub.varazdin

И во третото коло од новата сезона во најдобрата фудбалска лига на Хрватска екипата на Вараждин одигра реми.

Овојпат играчите на Марко Ковачевиќ на гостувањето кај Локомотива Загреб одиграа нерешено 3:3.

Македонскиот интернационалец Димитар Митровски донесе водство за Вараждин од 1:0 во 19 минута. За нашиот играч ова е веќе втор во првенството, претходно стрелаше против Славен Белупо.

Митровски беше стартер и настапи до 73 минута, додека за Вараждин целиот меч го одигра нашиот репрезентативец Агон Елези.

Во следното коло Вараждин на 12 август ќе го пречека составот на Рудеш, моментно последнопласиран во шампионатот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот