ВИДЕО: Митревски повторно во Топ 5 најдобри одбрани на ЕП

Никола Митревски покажа зошто е во одлична форма и сезонава/ фото: РФМ

Македонската сениорска репрезентација со три порази го заврши настапот на Европското првенство, во понеделникот беше совладана и од актуелниот светски шампион Данска.

Нашиот репрезентативен голман Никола Митревски и на 36 години покажува дека е во одлична форма, тоа го докажа и на овој континентален собир.

Повторно во изборот на ЕХФ членот на Порто се наоѓа во Топ 5 најдобри одбрани од вчерашниот ден на ЕП.

Митревски на стартот од мечот против Данците имаше прекрасна одбрана и таа е рангирана на третото место.

Покрај македонскиот голман, во изборот се наоѓаат уште Томас Мрква (Чешка), Мате Шуњиќ (Хрватска), Весли Пардин (Франција) и на првата позиција Црногорецот Небојша Симиќ со клучна одбрана во самиот финиш против Словенија за пласман во главната фаза.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот