ВИДЕО: Миовски се врати со гол за Абердин во контролниот меч против Чарлтон

фото: instagram.com/aberdeenfc

Денеска во пријателски натпревар како подготовка за новата сезона екипата на Абердин славеше против Чарлтон со резултат 2:3.

На овој меч стартер беше македонскиот репрезентативец Бојан Миовски кој се опорави од повредата на скочниот зглоб.

Стрелец на првите два гола беше Грем Шини во третата и 22 минута од средбата. А третиот погодок беше дело на Миовски во 33 минута.

Нашиот напаѓач настапи до 56 минута кога беше заменет од Естер Соклер. До крајот на мечот Чарлтон успеа да го ублажи поразот преку Блекет-Тејлор (69`0 и Кану (90`).

Абердин новата сезона во шкотската Премиер лига ќе ја стартува на 5 август со гостувањето кај Ливингстон.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот