ВИДЕО | Милан Калиниќ по 8 години говори за несреќата што ја предизвика кај Копаоник: „Мислев дека убив човек“

Фото: Принтскрин/ Јутуб

Актерот и водител Милан Калиниќ (50) ja смени улогaтa во своето шоу „Преживеани“ и седна на гостинското столче, додека интервјуто го водеше неговата сопруга Сандра.

За првпат детално проговори за несреќата што ја доживеале пред 8 години, кога тој и неговото семејство се судриле со автомобилот во кое имало повеќе патници.

Тешката сообраќајна несреќа се случила на Копаоник во 2015 година, кога Милан и Сандра со своите деца одлучиле да заминат на одмор. Додека возел во спротивната страна на коловозот предизвикал сообраќајна несреќа во која потешко биле повредени три лица кои се возеле во автомобил марка „Suzuki“.

„Преживеавме тежок и стресен настан. Направив една работа која многумина не можат да ја преживеат. Тогаш сфатив колку сè може да се промени во секунда и колку е скапоцено да се ужива во секој момент“, рекол Милан.

„Морав да бидам прибрана поради децата. И двајцата имавме хематоми на главите. Раката ти беше отечена. Никој од луѓето кои дојдоа да помогнат не веруваше дека има преживеани“, додала Сандра.

Водителот раскажал дека од силината на ударот автомобилот се свртел настрана. Нивниот автомобил бил поголем, а другиот многу помал. Сите патници излетале од него, како и нивните скии и куфери, а возачот од оштетениот автомобил бил во бессознание и тешко повреден.

„ Си помислив, јас убив човек. Чувствувам дека не сум при себе, се свртев кон нашиот автомобил, ја гледам сопругата, Теа и Вук и си велам ти им го уништи животот на сите. Го уништив животот на моите деца“ продолжува да раскажува Милан.

Инаку, оваа сообраќајна несреќа кога се случи, беше главна тема во српските медиуми. Тој признава дека тие 20 дена додека возачот од другиот автомобил бил во болница, била најголемата агонија во неговиот живот. Во 2016-та година пред судот ја призна вината, доби парична казна од 250.000 динари и 4 месеци му беше забрането да управува со моторно возило.

Во продолжение погледнете го видеото со целото интервју:

ВИДЕО | Твитерџиите го „распнаа“ Милан Калиниќ: „Немаше девојче што не го штипнав“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот