ВИДЕО | Твитерџиите го „распнаа“ Милан Калиниќ: „Немаше девојче што не го штипнав“

Фото: Instagram/ kalinic.milan72

Српскиот водител и глумец Милан Калиниќ е на удар на твитерџиите, по гостувањето во емисијата „Кец на једанаест“.

Имено, тој во текот на разговорот се приклучил во дебатата за насилството во основните школи. Кога се зборувало за непримерно допирање меѓу децата, Калиниќ го дал своето мислење што предизвика бројни осуди.

„Децата растат во ненормални услови… Се сеќавам на моето петто одделение… Немаше девојче што не го штипнав… Сите го правеа тоа. И, сега 11-годишно момче, кое влегува во пубертет, чии хормони работат, би било обвинето за сексуално вознемирување“, рекол Калиниќ.

Оваа изјава не беше позитивно прифатена и на социјалните медиуми, па набрзо следеа бројни коментари, кои го потсетија водителот и на неговите насилни „епизоди“ во минатото.

„Мислев дека не е можно уште повеќе да го мразам овој човек“; „Треба да знае дека таквите момчиња им оставиле најодвратни спомени на девојките што ги допирале без да ги прашаат“; „Каков кретен“; „Јас сум помлад од дотична личност и многу постар од неговиот син. Кога јас бев на таа возраст, тоа не беше многу вообичаено. Во машките друшта повеќе се зборуваше за фантазии отколку дека нешто правевме. Според ова, девојките мораат да трпат некој на глупави момчиња затоа што хормоните на момчињата работат“, се дел од коментарите на Твитер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот