ВИДЕО: Меси рекордер, познати сите четвртфинални парови на „Копа Америка“

epa09309969 Argentina's Lionel Messi (R) in action against Bolivia's Leonel Justiniano (L) during the Copa America group A soccer match between Bolivia and Argentina at Arena Pantanal Stadium in Cuiaba, Brazil, 28 June 2021. EPA-EFE/Raul Martinez

Лионел Меси, асот на Барселона доцна синоќа влезе во историјата како играч со најмногу настапи во дресот на „гаучосите“.

После победите на Аргентина и Уругвај на последните натпревари од групната фаза, ги добивме сите двојки во четвртфиналето на „Копа Америка“.

Аргентинците го освоија првото место во групата благодарение на убедливата победа над Боливија (4:1), со двата гола на Лионел Меси кој запиша јубилеј, откако со 148 настапи стана играчот со најмногу настапи за Аргентина.

Меси ја затресе мрежата на Боливија во 33 и 42 минута, претходно Гомез после асистенцијата на Меси во шестата минута ја започна гол-серијата, додека конечниот резултат го постави Лаутаро Мартинез во 65 минута – само пет минути откако Саведра намали на 3:1 .

Уругвај стигна до второто место во групата благодарение на голот на Единсон Кавани против Парагвај во директна пресметка. Имено, играчот на Манчестер јунајтед ја затресе мрежата од белата точка во 21 минута за конечни 1:0.

Аргентинската селекција во четвртфиналето ќе игра против Еквадор, Уругвајците ќе ги одмерат силите со Колумбија, потоа Парагвај ќе се соочи против Перу, додека Бразил ќе бара полуфинале преку Чиле.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот