ВИДЕО Меси помина на црвено светло, за малку ќе предизвикаше сообраќајка

Лионел Меси/фото: EPA-EFE/MOHAMMED BADRA

Аргентинскиот фудбалер Лионел Меси е снимен зад воланот во моментот кога поминува на црвено светло на семафор.

При правењето сообраќаен прекршок беше придружуван од полиција, а за малку ќе се судреше со друго возило.

Сè се случи во Форт Лодердејл, на 45 километри од Мајами, за чиј тим од МЛС Меси следната сезона ќе настапува.

На снимката на социјалните мрежи се гледа како Меси се приближува до семафорите кога навивач му пришол на автомобилот за да го сними. Меси придружуван од полициска придружба продолжил да вози, а потоа помина на црвено светло и влезе на раскрсница.

Во таа прилика можеше да дојде до тежок судир, велат на социјалните мрежи, бидејќи по патот до кој се приклучи Меси доаѓаше друг автомобил.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот