ВИДЕО | Meси беснееше на теренот, Уругвај ја победи Аргентина, Луис Дијаз го сруши Бразил

Фото: EPA-EFE/Luciano Gonzalez

Изминатата вечер Уругвај среде Буенос Аирес ја победи Аргентина со 2:0, а во овој натпревар видовме и една друга страна на Лионел Меси.

За Аргентина вчерашниот пораз беше прв по оној од Саудиска Арабија во групната фаза од Мундијалот, победата за Уругвајците ја обезбедија Араухо и Дарвин Нуњез.

Натпреварот беше исполнет со многу грубости и тензија, жесток беше и Меси кој ја покажа својата груба страна. Се играше 20. минута од натпреварот кога Матијас Оливера тргна да се пресмета со Родриго Де Пол. Меси во таа мешаница со лакт го удри Оливера и го фати за врат.

Бразилците претрпеа изненандувачки пораз од Колубмија со 2:1, а овој натпревар беше посебно емотивен за таткото на Луис Дијаз кој неодамна беше киднапиран.

Дијаз со два гола во второто полувреме донесе пресврт за Колумбијците, Бразил претходно поведе уште во четвртата минута со голот на Мартинели. Тие два гола на Дијаз беа премногу емотивни за неговиот татко на трибините кој не можеше да ги задржи емоциите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот