ВИДЕО | Мелинда се отвори за разводот од Бил Гејтс: Пријателството со Епштајн, бројните неверства…

мелинда гејтс
Мелинда Френч Гејтс и Бил Гејтс / Фото: Принтскрин Јутјуб

Милијардерката Мелинда Френч Гејтс гостуваше во емисијата „Mornings“ на „CBS“, каде искрено зборуваше за болниот развод од Бил Гејтс, за Џефри Епштајн, милијардерот кој светот ќе го памети по неговото грозоморно злосторство.

Епштајн почина во затвор во 2019 година, чекајќи ја судската пресуда за трговија со луѓе. Истрагата на крај откри
дека тој си пресудил во затвор, неколку дена откако престанал да биде под строг надзор.

57-годишната Мелинда, за првпат отворено проговори за него и за неговиот однос со Бил Гејтс. Како што откри, таа била ужасната што нејзиниот тогашен сопруг продолжил да се дружи со Епштајн, иако поради него имала кошмари.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tabloid☆ (@tabloidmedia5)


Нивниот однос не ѝ бил сосема јасен, па во 2011 година побарала средба со озлогласениот милијардер бидејќи сакала
да види „кој е тој човек“, и како што вели, зажалила.

„Не ми се допаѓаше Бил да се состанува со Џефри Епштајн. Тоа му го кажав. Потоа го запознав Џефри. Сакав да видам кој е тој човек и се покајав уште во моментот кога влезе низ вратата. Тој беше одвратен, персонифицирано зло. Имав кошмари за него. Срцето ми се кине поради тие млади жени. Така се чувствував, а јас сум постара од нив. Беше ужасен“, изјави таа во разговорот со водителката Гејл Кинг.

Мелинда и Бил беа во брак 27 години пред да ја објават веста за разделбата минатиот мај.  Мелинда откри дека пролеала „многу солзи“, велејќи дека имало денови кога лежела на подот мислејќи: „Како можеше да дојде до ова? Како да станам? Како ќе продолжам напред?“.

„Тоа не се случи во еден момент, не пресуди некоја специфична работа. Само дојде момент кога се случија доволно работи и сфатив дека едноставно не е здраво и веќе не верував во она што го имаме“, додаде таа.

Мелинда откри и дека и покрај сѐ, одржува фер однос со поранешниот сопруг, но дека тие двајца повеќе не се пријатели. Додаде уште една причина за нивниот развод – неговата афера во 2000 година.

„Во овој брак го дадов секое парче од себе. Бев посветена од денот кога се веривме до денот кога излегов од таа приказна“, емотивна беше Мелинда, сугерирајќи дека Бил многу пати бил неверен.

Ја заинтригира водителката со оваа изјава, па таа ја праша дали Гејтс неколку пати бил неверен.

„Тоа се прашањата на кои Бил треба да одговори“, одговори Мелинда.

Повеќе вести на темата:

 

Сѐ започна со писмото што ја откри тајната на милијардерот: Мелинда ќе добие 65 милијарди долари од разводот со Бил Гејтс?

 

Нов пресврт: Бракот на Бил и Мелинда Гејтс се распаднал поради милијардерот педофил?

 

Милијардерот не бил „цвеќе за мирисање“: Мистериозната убавица е главен виновник за разводот на Бил и Мелинда Гејтс

 

Бил и Мелинда Гејтс делат богатство од 130 милијарди долари, но еве зошто на децата им оставаат „речиси ништо“

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот