ВИДЕО | Меланија Трамп си заминува од Белата куќа: Првата дама го имаше последното обраќање

Profimedia

Се уште актуелната прва дама на САД, Меланија Трамп, за само два дена ќе ја напушти Белата куќа.

По тој повод таа и се обрати на нацијата и истакна неколку проекти кои во последните четири години ги спроведе фамилијата Трамп, кога станува збор за обновата и одржувањето на Белата куќа.

„Во 2018 година ја довршивме првата целосна обнова на кралската бања од 1950-тите. Го обновивме и претседателскиот лифт. Годината ја започнавме со повеќемесечна обнова на подот во источните соби. Кугланата исто така имаше целосна обнова во 2019 година и се надевам дека таа во иднина ќе биде простор во кој ќе уживаат сите кои ја користат“, нагласила Меланија.

Таа во говорот ја спомена и пандемијата на коронавирусот.

„За време на 2020 година нашата земја претрпе разорни и неочекувани загуби на живот заради пандемијата на ковид-19. Како што се ближи крајот на ова поглавје, важно е да се препознаат бројни луѓе без кои мојата улога на Прва дама не би била можна“, нагласи Меланија и се заблагодари на сите вработени во Белата куќа кои помогнале на проектите кои ги работела.

Извор: Б92

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот