ВИДЕО | Марјан Ѓорчев: Европската Унија е некоректна во односот со Македонија

Марјан Ѓорчев/ Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Голема грешка направивме што во преговарачката рамка со Европската Унија, дозволивме да влезе и билатералното прашање со Бугарија, тврди Марјан Ѓорчев, поранешниот амбасадор на Македонија во Софија.

Во гостувањето на Утрински печат, Ѓорчев е дециден дека спорот со Бугарија нема самиот од себе да се реши, ниту, пак, Бугарите би попуштиле како што минува времето, бидејќи тие се доследни во спроведувањето на својата политика кон Македонија, која е речиси непроменета во последните 150 години.

– Стратегијата на официјална Софија е направена од тамошната Академија на науки и уметности, по една општа расправа и дебата во која се вклучени голем број на научни, општествени и политички чинители. Впрочем и 70 отсто од граѓаните на Бугарија, политиката и односот на нивната влада кон Македонија ја сметаат за оправдана – вели Ѓорчев.

Поранешниот амбасадор се залага за добри односи со Бугарија, а проблемите предлага да бидат решавани со преговори, но не како што тоа досега се прави во рамки на Заедничката комисија за историја.

– Не би смеело историчарите, кои се очекува да менуваат факти, да преговараат за некаква заедничка историја. Ќе го посочам примерот на Полска и Германија, кои имаат своја заедничка комисија за историја, но која функционира во рамките на УНЕСКО. Таму се прават договори, се води расправа за Гдањск, за Источна Прусија, за Шлезија, но тоа не го попречи зачленувањето на Полска во ЕУ – вели Ѓорчев.

Во неговото гостување тој потсети и дека Македонија со ЕУ преговара од 2001 година и дека досега бројни ветувања биле дадени од европските претставници, но и голем дел од ветувањата биле погазени.

– Бугарите можат да влезат во Уставот, но притоа да се почитува и македонското малцинство во Бугарија – вели тој, потенцирајќи дека односот на ЕУ кон Македонија е некоректен, бидејќи неколку пати од нас било побарано да ја проголтаме нашата национална гордост.

Целото интервју со Марјан Ѓорчев погледнете го на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот