ВИДЕО | Мајка ѝ на Џеј Ло: Знаев дека ќе се смират со Бен Афлек, цели 20 години се молев за тоа

Фото: Profimedia

Мајката на пејачката и актерка Џенифер Лопез (53), Гвадалупе Родригез (78) имаше кратко појавување во емисијата „Тудеј“ на „Ен-би-си“, во која гостуваше и нејзината ќерка, со цел да го промовира филмот „The Mother“.

Родригез проговори за нејзиниот зет, актерот Бен Афлек (50).

„Знаев дека тие двајца повторно ќе бидат заедно бидејќи 20 години се молев за тоа“, изјави таа, коментирајќи го раскинувањето на познатата двојка во 2004 година.

Во текот на емисијата, Лопез истакна дека Афлек е одлична татковска фигура на нејзините близнаци Макс и Ем (15).

„Тој е прекрасен татко и татковска фигура. Покрај неговите три прекрасни деца, сега сме и ние тука и тој е фантастичен. Навистина добро се носи со предизвикот и тие го сакаат. Го ценат, како што и јас го ценам“, сподели латино ѕвездата.

Бен Афлек: „Џенифер е најубавата жена на светот“

Бен Афлек неодамна гостуваше во емисијата на актерката Дру Баримор, каде изјави дека неговата сопруга Џенифер Лопез е најубавата жена на светот.

Исто така, актерот откри и која е тајната на младоликот изглед на Лопез.

„Ќе ти споделам нешто што ќе те вознемири. Џенифер јаде сè што ќе посака. Сè што сака. Таа јаде компирчиња, сладолед, пица – сè“, изјави тој, додавајќи дека неговата сакана има добра самодисциплина и дека поминува многу време вежбајќи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот