ВИДЕО: Лоциран урнатиот хеликоптер во Италија, сите седум патници загинати

Хеликоптерска несреќа во Италија / Фото: Скриншот Јутјуб

Сите седум патници во хеликоптерот што се урна на Апенините, во северна Италија, се загинати, соопштија синоќа локалните власти.

Претходно, гувернерот на регионот Тоскана, Еугенио Џани изјави дека пет лица загинале, а двајца патници се уште се водат како исчезнати.

Спасувачите го пронајдоа исчезнатиот хеликоптер на границата меѓу регионите Емилија Ромања и Тоскана по околу два дена потрага, јави агенцијата ДПА. Добиле пријава од планинар кој забележал делови од хеликоптерот.

„Ги имавме координатите и летавме до местото на несреќата – се беше изгорено”, соопшти војник во видео објавено од армијата на Твитер.

Остатоците од леталото биле на тешко достапно подрачје и спасувачите морале да одат до него, додаде војникот.

Хеликоптерот полетал од тосканскиот град Лука во четвртокот кон северниот италијански град Тревизо.

Исчезнал од радарот над ридесто и шумовито подрачје, каде што бил зафатен од лошо време.

Во хеликоптерот имало седум лица, меѓу кои четворица биле турски претприемачи од компанијата Eczacibasi, а се враќале од саем одржан во Италија, се наведува во соопштението на компанијата.

Покрај пилотот Италијанец, останатите двајца патници во хеликоптерот биле либански државјани, наведе либанската државна агенција NNA.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот