ВИДЕО: Кошаркарите на Црвена звезда го совладаа Баерн Минхен во Евролигата

Никола Калиниќ беше најефикасниот во триумфот на „црвено-белите“ против Баерн/Белград, Србија/17 декември 2021/Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Кошаркарите на Црвена звезда дома ја совладаа екипата на Баерн од Минхен со 81:78 во последниот натпревар од 16. коло во Евролигата.

Најдобар учинок во српската екипа имаше Калиниќ со 20 поени (седум скокови), а за германскиот претставник Лучиќ посигна 21 поен.

Белградските „црвено-бели“ ја имаа најголемата предност во првата четвртина со резултат 14:11, така што германскиот тим со серија од 8:0 успеа да дојде до пет поени разлика. Во самиот финиш од првата делница Ивановиќ со тројка им донесе предност на „црвено-белите“ (20:19), а во последната секунда кош за Баерн постигна Хантер.

Продолжението донесе подобра игра на Баерн и водство од 22:29, но домашните успеаја со тројката на Лазиќ да го сменат резултатот и да поведат 33:31. Звезда на полувремето замина со предност од 46:45, со само два промашени шута за три поени (7/9).

Домашниот тим успеа да дојде до најголеми плус пет во третиот дел (56:51), но Баерн направи пресврт со серија од 9:0. Црвена звезда потоа одговори со серија од 7:0, а потоа поведе со 65:62. Потоа Лучиќ со својата четврта тројка во тој дел го израмни резултатот, а Хантер со забивање го доведе баварскиот тим во водство (65:67).

Домаќините до победата дојдоа во последната четвртина, по одличната игра во одбраната. Звезда го прими осмиот кош на само 23 секунди до крајот, а победата до крајот не беше доведена во прашање.

Евролига, 16. коло
Денеска, резултати –

Уникс Казан – Жалгирис Каунас 66:53
Алба Берлин – ЦСКА Москва 90:93
Монако – Зенит Петербург 74:85
Олимпијакос – Лион-Вилербан 89:54
Црвена звезда – Баерн 81:78

Табела:

1. Барселона 14-2
2. Реал Мадрид 13-3
3. Олимпијакос 11-5
4. Уникс Казан 10-6
5. Олимпиа Милано 10-6
6. Зенит Петербург 10-6
7. ЦСКА Москва 10-6
8. Анадолу Ефес 8-8

9. Фенербахче 7-9
10.Макаби Тел Авив 7-9
11.Црвена звезда 7-9
12.Баерн 7-9
13.Лион-Вилербан 7-9
14.Монако 6-10
15.Алба Берлин 5-11
16.Баскониа 5-11
17.Панатинаикос 4-12
18.Жалгирис Каунас 3-13

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот