ВИДЕО: Коко Гоф со пресврт до првата грен слем титула во кариерата

фото: EPA-EFE/CJ GUNTHER

Каков меч за 19-годишната американска тенисерка, Коко Гоф, успеа да го освои грен слем турнирот „УС Опен“ во Њујорк, САД.

Гоф во големото финале со резултат 2:1 во сетови славеше против Арина Сабаленка од Белорусија.

Белорусинката убедливо беше подобра во првиот сет со 6:2, но со иста мера возврати нејзината противничка која доминираше во следните два сета (6:3, 6:2).

Гоф е првата Американка од 2017 година, и Слоун Стивенс која триумфираше на овој турнир.

За Коко Гоф ова е прва грен слем титула во нејзината кариера, до настапот во Њујорк, најдобар пласман на грен слем турнирите ѝ беше финалето минатата година на „Ролан Гарос“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот