ВИДЕО | Ќе ви го стоплат срцето: Мечка и две мали мечиња снимени на Шар Планина

Мајка мечка и мали мечиња во шумата на Шар Планина / Фото: Скриншот, Фејсбук

Во текот на минатата ноќ, камерите коишто се поставени среде густата шума на Шар Планина забележиле една навистина симпатична глетка.

Имено, како што може да се види на видеоснимката, мајка мечка и две мали мечиња додека се движеле низ шумата во даден момент застанале точно пред камерата.

Тие на кратко се исправуваат како да наслушнуваат дека се во опасност и иако покажуваат видливи знаци на страв, сепак сето тоа на крајот изгледа слатко.

Погледнете ги снимките:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот