ВИДЕО | Ким Кардашијан ја покажа канцеларијата: Има кукла од себе и 3Д модел на нејзиниот мозок

Фото: Принтскрин/ ТикТок/ Ким Кардашијан

Ким Кардашијан во средата на TикТок ја покажа својата канцеларија во компанијата „СККН“ (SKKN), во која има 3Д верзија на нејзиниот мозок и солариум.

„Јас сум Ким Кардашијан… Се разбира, сите мои насловни страници на списанијата ги покриваат моите ѕидови“, го започна видеото на ТикТок сопственичката на СКИМС (SKIMS) додека оди низ ходникот облечена во долга наметка.

„Јас сум Ким Кардашијан… Секако дека во мојата глам-соба имам кукла од мене со моите мерки на телото“, продолжи таа додека камерманот ги зумира куклите.

@kimkardashian♬ original sound – Kim Kardashian

Ким го покажа и својот огромен ТВ ѕид со нејзините различни „кампањи за убавина“ и соба со огромен приказ на производи од СККН (SKKN). Но, тоа не беа највпечатливите делови од турнејата низ нејзината канцеларија.

Кардашијан покажа и 3Д модел на нејзиниот мозок и модел од приватен авион кој стои на нејзиното биро. Таа, исто така, го подигна нивото кога станува збор за канцелариски простор за славни личности, откривајќи солариум и кревет за терапија со црвено светло.

Нејзините следбеници не можеле да се заситат од нејзината содржина.

„Сакам да бидам Ким Кардашијан кога ќе пораснам“, „Замисли да сум Ким Кардашијан“, „Буквално ми падна устата“, беа само дел од коментарите на нејзината импресивна канцеларија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот