ВИДЕО | Кејн херој за Баерн во победата над Лајпциг, мала минутажа за Елмас

Фото: EPA-EFE/RONALD WITTEK

Баерн Минхен конечно малку ги израдува своите навивачи откако денес на свој терен славеше победа од 2:1 против Лајпциг.

Натпреварот донесе многу прилики за гол, меѓутоа домаќините дури во самата завршница дојдоа до победата, а херој беше Хари Кејн.

Во првите 45 минути не видовме погодоци. Се играше 56. минута кога Кејн го отвори резултатот по асистенцијата на Мусиала. Одличниот напаѓач Шешко ги врати работите како на почетокот на 20-тина минути до крајот. Имаше напаѓачот од Словенија и уште една одлична прилика, но во таа ситуација Ноер одлично интервенираше.

Кога изгледаше дека нема да има победник и бодовитеќ е се поделат, Хари Кејн во 91. минута постигна гол и донесе победа.

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас одново доби мала минутажа и на теренот влезе во 87. минута на местото на Чави Симонс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот