ВИДЕО | Кари го предводеше Голден Стејт до победа против Атланта, Лејкерс немоќни без Дејвис

Фото: EPA-EFE/JOHN G. MABANGLO

Tимот на Голден Стејт го нанесе четвртиот пораз во низа на Филаделфија (119:107). Домаќините во „Чејс Центарот“ во Сан Франциско ги израдуваа своите фанови.

Најдобар во победата на Вориорси беше Стеф Кари. Одличниот плејмејкер постигна осум тројки и со 37 поени и беше лидер на својата екипа, додека кај Филаделфија се истакна Харис со „дабл-дабл“ од 26 поени и 10 скока. На овој натпревар, Џоел Ембид заработи одредена повреда поради која не беше на највисоко ниво.

Во натпреварот помеѓу Атланта и Лејкерс се радуваа кошаркарите на домаќините. Во драматичниот натпревар во „Стејт Фарм Арената“ го совладаа Лејкерс со 138:122. Без Ентони Дејвис, Лејкерси запишаа уште еден пораз. Остин Ривс беше најефикасниот со 28 поени, додека Тре Јанг додаде 26 поени и 13 асистенции.

На останатите средби  Бостон дома беше подобар од Индијана (129-124), Њујорк беше подобар од Јута (118-103), а Торонто триумфираше во Чикаго (107-118).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот