ВИДЕО | Камила не можеше да ги запре солзите пред украинската заедница во Лондон: Се молиме за вас

принц чарлс
Кралот Чарлс Трети и кралицата Камила / Фото: EPA-EFE/VICKIE FLORES

Принцот од Велс и војвотката од Корнвол вчера покажаа солидарност кон Украина и ја посетија украинската заедница во Велика Британија.

Камила плачеше и ја тешеше сопругата на британскиот амбасадор во Украина, која исто така плачеше.

„Се молиме за вас“, ѝ рекла таа.

Чарлс и Камила запалија свеќа и положија цвеќе во украинската катедрала во Лондон како поддршка на угнетуваната земја.
Во краткиот говор Чарлс ја пофали храброста на Украинците во врска со нападот на рускиот претседател Владимир Путин.

„Морам да кажам дека мојата сопруга и јас сме длабоко трогнати од сето она што го слушнавме денес за време на нашата посета и пред се од извонредната храброст на украинската заедница која се соочува со толку страшна агресија. Нашите мисли и молитви, колку и да се недоволни, се со сите вас во овој најкритичен момент“, рече Чарлс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот