ВИДЕО: Јувентус не може без Влаховиќ, Лацио го доби дербито на „Олимпико“

Фудбалерите на Лацио ја слават победата над Јувентус/фото: EPA-EFE/FABIO FRUSTACI

Фудбалерите на Лацио во дербито на 30 коло во Серија А на домашен терен со 1:0 го совладаа составот на Јувентус.

Римските „небесно-сини“ на својот „Олимпико“ успеаја да дојдат до бодовите со голот на Адам Марушиќ во самиот финиш на натпреварот (90+3`).

„Старата дама“ за овој меч не можеше да смета на српскиот репрезентативец Душан Влаховиќ кој е суспендиран поради црвен картон, а Полјакот Аркадиуш Милик има проблеми со мускул.

На табелата Лацио е на седмото место со 46 бодови, додека Јуве е третопласиран во италијанскиот шампионат со 59.

Џенова ремизираше дома против Фросиноне (1:1), Торино славеше минимално над Монца (1:0), додека Наполи загуби убедливо пред своите навивачи од Аталанта (3:0).

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот