ВИДЕО: Аталанта го урна Наполи и остана во трка за Лигата на шампионите

Момент од натпреварот Наполи - Аталанта/фото: EPA-EFE/CESARE ABBATE

Фудбалерите на Аталанта го совладаа Наполи со убедливи 3:0 како гости на стадионот „Диего Армандо Марадона“ во натпреварот од 30 коло во Серија А.

Клубот од Бергамо доминираше во Неапол против актуелниот италијански првак и остана во трката за пласман во Лигата на шампионите следната сезона.

Миранчук најпрвин ја погоди стативата во третата минута од натпреварот, а 20 минути подоцна истиот играч донесе водство за Аталанта по асистенцијата на Пашалиќ.

Во самиот финиш од првото полувреме гостинските фудбалери ја зголемија позитивата преку Скамака кој со одличен удар ја затресе мрежата на домашниот голман Мерет.

„Наполитанците“ можеа да ја намалат својата негатива после 10 минути игра во вториот дел, но Зиелински ја погоди стативата.

Гостите го потврдија триумфот на две минути пред крајот на дуелот со погодокот на Копмајнерс. Аталанта е на шестото место со 50 бодови, зад Рома (51) и Болоња (54), додека Наполи е седмопласиран со 45.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот