ВИДЕО | Jутјуберот Џејк Пол пред Роналдо и Тајсон го претрпе првиот пораз

Фото: EPA-EFE/STR

23-годишниот боксер Томи Фјури победи во борбата измината вечер против јутјуберот Џејк Пол, борбата која долго време се очекуваше се одржа во Саудиска Арабија.

До победата помладиот брат на Тајсон Фјури дојде по осум рунди и со поделена одлука на судиите. Борбата долго се договараше, а двапати беше одложувана. За познатиот јутјубер ова беше прв пораз во кариерата, но и првпат боксуваше против сериозен боксер. Од друга страна за Томи Фјури ова беше деветта победа во кариерата.

Борбата сепак не донесе некаков спектакл, помина со само неколку посериозни удари, а можеше да се забележи дека Пол губи сила по неколку рунди. Сепак, голема е веројатноста дека ќе гледаме реванш.

Интересно беше и на трибините во Саудиска Арабија, борбата ја следеше Кристијано Роналдо, тука покрај Тајсон Фјури беа, Мајк Тајсон и Дентоај Вајлдер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот