ВИДЕО | Јокиќ во НБА лигата влезе со реклама за брза храна

Фото: EPA-EFE/RHONA WISE

Никола Јокиќ е главна тема во медиумите во регионот откако го предводеше Денвер до шампионската титула во НБА лигата, но при доаѓањето во најсилната кошаркарска лига очекувањата од него и не беа така големи.

Јокиќ во претходните две сезони освои две МВП признанија за регуларниот дел од сезоната, а сега беше прогласен за најкорисен играч во финалната серија. Интересно е што Јокиќ стана највисокиот играч на кого му успеало такво нешто.

Во НБА лигата, Јокиќ пристигна во 2014 година откако беше избран како 41. пик на драфтот. Претходниот рекорд го држеше Денис Џонсон кој во лигата влезе како 29. пик на драфтот во 1979 година.

Сега фановите на Јокиќ се потсетија на тие моменти и ја пронајдоа рекламата која одеше додека Денвер го избираше српскиот кошаркар. Никој не можеше да го види Јокиќ на екраот бидејќи во текот на драфтот кој го водеше Адам Силвер одеше реклама за брза храна.

Очигледно Јокиќ не беше интересен за режисерот на преносот, а денес зборуваме за веројатно најдобриот кошаркар во светот во овој момент.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот