ВИДЕО: Јокиќ со „трипл-дабл“ го предводеше Денвер до убедлива победа над Мемфис

фото: EPA-EFE/ERIK S. LESSER

Кошаркарите на Денвер славеа против Мемфис со резултат 142:105 во НБА лигата, а прво име во мечот за Нагетси беше Никола Јокиќ.

Српскиот центар Јокиќ забележа „трипл-дабл“ учинок од 26 поени, 14 скокови и 10 асистенции. До ваков учинок дојде многу брзо, веќе после три четвртини со шут од игра 11/11. Тоа беше неговиот 116 „трипл-дабл“ во кариерата.

Јокиќ испиша историја и застана рамо до рамо со легендарниот Вилт Чембрлен. Само тие двајца успеаја да дојдат до „трипл-дабл“ без промашување од игра во три натпревари.

Во поразениот тим на Гризлис истакна Дезмонд Бејн кој постигна 23 поени и воедно запиша еден скок и две асистенции.

Во Западната конференција Денвер е на второто место (23-10), додека Мемфис е на 13 позиција (10-20).

НБА лига, резултати

Бостон – Детроит 128:122, 108:108 (по 1. продолжение)
Чикаго – Индијана 104:120
Минесота – Далас 118:110
Њу Орлеанс – Јута 112:105
Денвер – Мемфис 142:105
Голден Стејт – Мајами 102:114
Портланд – Сан Антонио 105:118
ЛА Лејкерс – Шарлот 133:112

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот