ВИДЕО: Јокиќ со Денвер прави чуда, најдобар во историјата на НБА лигата

Кошаркарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ/фото: EPA-EFE/JASON SZENES

Кошаркарите на Денвер изминатата ноќ на гостински терен ја совладаа екипата на Голден Стејт со 117:116 и така дојдоа до третиот триумф по ред во НБА лигата.

Нагетси дојдоа до победата во последната секунди со тројката на Монте Морис, после асистенцијата на српскиот центар Никола Јокиќ.

Јокиќ беше најефикасен во редовите на Денвер со „дабл-дабл“ учинок од 35 поени и 17 скокови (осум асистенции), а кај Вориорси најрасположен беше Стеф Кари со 25 поени и шест асистенции. На табелата во Западната конференција Голден Стејт е на второто место (42-17), зад водечкиот Феникс (48-10), додека Денвер е шестопласиран (33-25).

Јокиќ испишува нови неверојатни бројки, односно тој е првиот играч во историјата на НБА со повеќе од 9000 поени, 5000 скокови и 300 асистенции во првите 500 натпревари.

Го престигна легендарниот Мајкл Џордан, според многумина најголемиот на сите времиња. На сите осум претходни натпревари, Јокиќ имаше барем по 20 поени, 10 скокови и пет асистенции.

Низата од седум такви мечеви ја оствариле само тројца великани на оваа игра, Лери Бирд во 1982, Мајкл Џордан во 1989 и Кевин Дурент во 2016 година. Тие сега гледаат во грбот на Србинот Јокиќ, кој во првите 500 натпревари во НБА кариерата покажа дека е подобар од големата тројка.

НБА лига, резултати –

Орландо – Атланта 109:130
Бостон – Детроит 111:112
Индијана – Вашингтон 113:108
Њујорк – Бруклин 106:111
Чикаго – Сакраменто 125:118

Мемфис – Портланд 119:123
Минесота – Торонто 91:103
Оклахома – Сан Антонио 106:114
Феникс – Хјустон 124: 121
Голден Стејт – Денвер 116:117
ЛА Лејкерс – Јута 106:101

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот