ВИДЕО: Јокиќ немоќен против „воините“, Филаделфија го растури Торонто

Голден Стејт со победа ја отвори плеј-оф серијата со Денвер/ фото: EPA-EFE/D. ROSS CAMERON

Кошаркарите на Голден Стејт поведоа со 1:0 во победи во серијата со Денвер нагетс во плеј-офот во Западната конференција откако славеа со 123:107.

Денвен подобро го започна натпреварот и успеа да дојде до предност до шест поени. Сепак, „воините“ играа се подобро и во финишот од првото полувреме со серијата 10:2 дојдоа до двоцифрена предност (58:47). Во третата четвртина се разиграа бековите на Голден Стејт и предноста се зголеми на 22 поени (90:68) со што беше јасно кој ќе слави на првиот натпревар во плеј-оф серијата.


Џордан Пул с 30 постигнати поени беше најпрецизен во редовите на Голден Стејт каде се истакнаа уште и Клеј Томпсон со 19, Ендрју Вигинс и Стеф Кари со 16 поени. Кај Денвер прво име беше Никола Јокиќ со 25 поени и 10 скокови, а Вил Бартон даде 24 поени.

Филаделфија сиксерс пред своите гледачи без поголеми проблеми со 131:111 го совлада Торонто репторс и поведе со 1:0 во серијата во Источната конференција. Филаделфија дилемите околу победникот ги реши во првото полувреме кое го доби со 18 поени разлика (69:61) и до крајот на натпреварот не ја испуштија двоцифрената предност.


Најдобар во редовите на Филаделфија беше Тајрис Макси со 38 поени, Тобајас Херис даде 26, Џејмс Харден имаше 22 поени и 15 асистенции, додека Џоел Ембид постигна 19 поени и 15 скокови. Кај Торонто најрасположени за игра беа Паскал Сиакам со 24 поени, О Џи Ануноби со 20 и Дред Ванвлит со 18 поени.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот