ВИДЕО: Јокиќ најдобар во дербито на Западот, „дабл-дабл“ учинок против Минесота

фото: EPA-EFE/ADAM DAVIS

Кошаркарите на Денвер ја совладаа екипата на Минесота со резултат 115:112 во дербито на Западот во НБА лигата.

Најефикасен на мечот беше српскиот центар на Денвер Никола Јокиќ кој оствари „дабл-дабл“ учинок од 36 поени и 16 скокови.

За Тимбервулвси како прв стрелец се истакна Ентони Едвардс со 30 поени, по осум скокови и асистенции.

Моментно во Западната конференција Нагетси се второпласирани со биланс 48-21, зад водечката Оклахома (47-20), а на третата позиција е Минесота (47-22).

НБА лига, резултати

Орландо – Шарлот 112:92
Вашингтон – Хјустон 114:137
Бруклин – Њу Орлеанс 91:104
Сан Антонио – Далас 107:113
Минесота – Денвер 112:115

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот