ВИДЕО: Јокиќ доминира во НБА, а Дончиќ блескаше против најдобрите на Истокот

Лука Дончиќ беше прв стрелец во победата над Чикаго булс/Фото: EPA-EFE/JIM LO SCALZO

Денвер запиша уште една победа во НБА лигата, изминатата ноќ славеше против Оклахома со 95:99, и повторно одлична партија имаше Никола Јокиќ.

Српскиот центар на Нагетси беше прв стрелец со 22 поени (18 скокови), а истиот учинок на поени го имаше и неговиот соиграч Остин Риверс.

На спротивната страна за Сити Тандер доминираше канадскиот интернационалец Лугенц Дорт со 14 поени. Денвер е на шестата позиција во Западната конференција, додека Оклахома е претпоследна.

Лука Дончиќ блескаше во триумфот (113:99) на Далас против моментно водечките на Истокот, Чикаго. Словенецот беше најефикасен со 22 поени, по 14 скокови и асистенции.

Кај популарните „бикови“ најдобри беа Демар Дерозан и Зек Левин со по 20 реализирани коша. Маверикси се петтопласирани на Западот, додека први на Истокот остануваат Булси со учинок 26-11.

НБА лига, резултати –

ЛА Лејкерс – Мемфис 119:127

Портланд – Сакраменто 103:88

Голден Стејт – Кливленд 96:82

Далас – Чикаго 113:99

Оклахома – Денвер 95:99

Хјустон – Минесота 123:141

Торонто – Њу Орлеанс 105:101

Орландо – Вашингтон 100:102

ЛА Клиперс – Атланта 106:93

Бруклин – Сан Антони0 121:119

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот